СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.З.(55) од Битола, поради постоење основи за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 17.02.2022, пријавениот извршил фалсификување на налози за уплата до Основен суд Битола, со што за 14.900 денари го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.