ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Н.(70) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи”.

Пријавениот претходно пронашол туѓ паричник и на 05.08.2026, без дозвола и согласност на сопственикот ја употребил платежната картичка и извршил наплата во четири наврати, при што се стекнал со противправна имотна корист од 3.729 денари.,,