Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.М.(34) и С.С.(34), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“.
На 31.12.2021 на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавените и во возилото во кое се превезувале, при што пронашле и одзеле марихуана.