СВР Велес и СВР Тетово поднесоа кривични пријави против Ф.В.(26), А.Д.(22), И.С.(19), Т.А.(36), Ѓ.В.(38), А.О.(26), сите од Кавадарци, Б.М.(30) и У.Д.(49), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Пријавените, на 21.05. и на 04.06.2021, се движеле без дозвола за движење за време на забрана за движење.