Кризната состојба, со претходна одлука на Собранието, е до 30 јуни 2021 година. Сега таа се продолжува за наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули 2021 до 31 декември 2021 година.
Претседателот на Комисијата Миле Талевски за МИА изјави дека на седницата присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директоторот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Од нивна страна, како што рече, беше изнесена она што било дискутирано на Владата и ја пренеле одлуката на Владата до Комисијата.
– Комисијата отвори дебата. Се разгледаа можности и предлози и се донесе одлука да се проследи до Собранието, на пленарна седница што ќе се одржи утре, изјави Талевски.
Тој појасни дека собраниската Комисија за одбрана и безбедност има само обврска да ја проследи и да отвори дебата по нејзината работа.