Роландо Перез Родригез, директор за истражување и развој во BioCubaFarma, го рече ова во дискусијата што ја објавија државните медиуми вчера вечер, а темата беше кампањата за вакцинација со која што има за цел до ноември да се вакцинира повеќе од 90 проценти од населението.

-Веќе имаше некои контакти во Хавана и во канцеларијата во Женева, рече Перез. „Сега се во тек процедури и консултации за оценување на доставената документација.

Куба брзо ги вакцинира своите граѓани со кубанските вакцини Абдала, Соберана-2 и Соберана плус, кои се одобрени за употреба во кризна ситуација од локалните регулатори.

Повеќе од 65 проценти од Кубанците примиле барем една доза, а 37 проценти биле целосно вакцинирани со трите дози, според Министерството за здравство.

Куба е единствената карипска земја која развила сопствени вакцини против коронавирус.

Тој тврди дека вакцините се 90 проценти ефикасни, а првите резултати се слични со оние на другите вакцини од големите производители. Вакцините значително го намалуваат ширењето на инфекцијата, тешките форми на болеста и смртноста, според властите, иако овие резултати се уште не се разгледани.

-Деца на возраст од две години исто така се вакцинираат, а вакцинациите за помалите деца ќе започнат во четврток, рече во емисијата службеникот за јавно здравје Марија Елена Сото, со што Куба стана прва во светот што масовно вакцинира деца под шестгодишна возраст.

Вакцините се базирани на традиционална технологија која што со децении се користи за мали деца, посочува производителот.

Во последната недела, Куба имала околу 7.500 заразени луѓе дневно и речиси 80 смртни случаи, значително помалку од пред еден месец. Но, тоа останува една од највисоките стапки во светот во однос на бројот на заразени на 100.000 жители. Околу 20 проценти од случаите се пријавени кај лица под 20 -годишна возраст.

Кубанските власти се надеваат дека ќе ја стават ситуацијата под контрола до почетокот на туристичката сезона во ноември и ќе извезуваат вакцини.

Соберана-2 веќе се произведува во Иран, а Виетнам објавил дека може да ја купи и произведува Абдала.

Мексико исто така сака да ги произведува.

Куба може да произведува 100 милиони дози вакцина годишно, од кои најмалку 30 милиони ќе бидат потребни за сопствените граѓани.