Украина летово очекува да добие статус на кандидат за членство во Европската унија, а одбивањето ќе го смета за измама од Европа, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за Фајненшл тајмс.
-Доколку не добиеме кандидатски статус, тоа значи само едно – дека Европа се обидува да не измами. И ние тоа нема да го проголтаме, рече Кулеба.
Тој нагласи дека Украина во моментов е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова Европската унија.
-Мислам дека тоа треба да се почитува, истакна Кулеба.