– Има граѓани кои се интересираат како се поставени односите во СДСМ внатре или резултатите ги бараат од луѓето коишто треба да испорачуваат за сите граѓани, односно од луѓето од власта, праша Куновска.
Таа отвори уште една дилема во однос на како што вели погрешната најавена политика на Заев за кадровски промени во партијата.
– Дали Шекеринска е добар министер за одбрана, а е лош заменик претседател на СДСМ, или Оливер Спасовски е одличен министер за внатрешни работи, а е лош потпретседател на СДСМ, тоа ли се пораките кои вчера сакаше да ни ги испрати Зоран Заев, праша Куновска.