Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го угости австрискиот канцелар Себастијан Курц со бифтек, но и со најдобрите српски вина.
Тој на својот официјален инстаграм профил Будучност Србије објави фотографија од него и од Курц, од која се гледа како му подготвува скара на австрискиот гостин.
„Прекрасно попладне што јас и Себастијан Курц го поминуваме заедно. Инаку, денес му кажав на Себастијан дека за нас Србите најважно е да бидеме добри домаќини и дека нас најмногу може да не погоди кога некој од нашите гости вели дека тоа не сме. За љубопитните, првото нешто што го подготвувам е бифтек, со најдобрите српски вина“, објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на официјалниот Инстаграм профил, Будуќност Србије.
View this post on Instagram