Вчера во 16 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека заталкано зрно го оштетило задното ветробранско стакло од патничко моторно возило „шевролет авео“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица „ЈНА“ во Тетово, сопственост на 58-годишната тетовка С.К..

Извршен е увид и се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.