Еврото се држи над 1,08 долари, што беше достигнато кон крајот на минатата недела за прв пат од април 2022 година, објавија германските сајтови за финансиски информации.

Единствената валута рано утринава достигна 1,0874 долари.

Европската централна банка во петокот постави референтна стапка од 1,0814 долари.

Доларот беше цитиран за 0,9196 евра.