Ново невреме се движи кон Калифорнија додека државата се бори со големите поплави.

Ова ќе биде осми настан од почетокот на годината, кога во областа почна серијата невреме. Тие веќе ги одзедоа животите на 19 лица.

5-годишно дете се уште се води како исчезнато. Тој бил однесен од водите кои доаѓале додека мајка му се обидувала да го извади од автомобилот и да го однесе на безбедно.

Во Калифорнија од вчера е прогласена вонредна состојба. Илјадници луѓе се уште се подготвени за евакуација.