Косовскиот премиер Албин Курти ја започнува денеска официјалната посета на Соединетите Американски Држави, соопшти службата за инфомирање на Владата на Косово.

За време на престојот во САД, Курти ќе се сретне со државни претставници, бизнисмени, водачи на разни организации и со претставници на тамошната албанска заедница.

Спред соопштението , косовскиот премиер денеска ќе се сретне со претставници на Корпорацијата на милениумските предизвици (МЦЦ).

Последните денови Курти имаше прилично збиена агенда. Во средата престојуваше во Берлин, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц, а се сретна и со министерката за надворешни работи, Аналена Беррбок. Истиот ден имаше неформална вечера со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со емисарот на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак. Во четвртокот, по враќањето од Берлин, во Приштина се сретна со министерката за одбрана на Германија, Кристине Ламбрехт.