Ова го изјави премиерот на Косово, Албин Курти на Економскиот самит во Скопје, запрашан за вчерашните немири на северот на Косово и за односите со Србија.

– Имаше полициска акција во четири различни општини на Косово – Пеќ, Приштина, Северна Митровица, Јужна Митровица, каде што соработуваа разни криминалци, Албанци и Срби. Судијата на претходната постапка и обвинителот што дадоа налог за акцијата се Срби. Многу од полицајците се Срби. Некои од повредените полицајци беа Албанци, некои Срби. Погрешно е да се нагласува или да се политизира нашата борба против корупцијата. Треба да соработуваме сите од Западниот Балкан против организраниот криминал кој што е многу поинтегриран отколку што сме ние како земји. Затоа ни се потребни функционална демократија и владеење на правото, рече Курти.