Преку објавата по средбата со премиерот Еди Рама, таа истакна дека нејзината порака е јасна: иднината на Албанија е во ЕУ.
– Мило ми е што ја започнав посетата на Западен Балкан од Албанија. Мојата порака е јасна: иднината на Албанија е во ЕУ. Европската комисија силно се придржува кон оваа определба. Со добар напредок во реформите во правосудството, Албанија постигна успех. Сега ЕУ мора да го стори истото, напиша таа.
По средбата со премиерот Еди Рама во Палатата на бригадите, во претседателската резиденција претседателката на ЕК, Лајен ја прими шефот на државата Илир Мета.
Лајен и Рама ќе учествуваат на свеченото предавање во употреба на реконструирани училиште и градинка, оштетени од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата на 26 ноември 2019 година, обновени со средства од фондовите на ЕУ во рамки на програмата “EU4Schools”, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.