По Костадин Петров, за претстојните два меча од квалификациите за ЕП 2024 година, нема да биде во комбинација ниту пивотот Марко Стојковиќ.
Па така, од првично повиканите петмина пивотмени, остануваат во комбинација Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Михаил Аларов.
Дополнителен повик има за членот на Алкалоид, Едвин Омерагиќ, кој ќе ја зголеми конкуренцијата на бековските позиции, но веројатно повеќе задачи ќе добие во дефанзива.
Македонија е практично пласирана на ЕП 2024 година, но мора да ги одработи последните два меча.
Избраниците на Лазаров ќе играат со Луксембург на 26 април, како и со Турција на 30 април во Скопје.