Полицијата во Скопје работи на расветлување на случај во кој 61-годишен скопјанец бил измамен и ограбен од лице што се претставило како полициски службеник.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, инцидентот се случил на 28 октомври, околу 00:30 часот, на подрачјето на Гази Баба.
М.А. се наоѓал во своето возило кога му пришло лице што му кажало дека е полициски службеник и му побарало документи од автомобилот.
Како што пријавил оштетениот, сторителот потоа го натерал да влезе во друго возило, од каде му ги одзел парите и платежната картичка, по што го оставил на подрачјето на општина Аеродром.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
