Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата дека Министерството ги крие бодовите и резултатите од приемот на студенти во студентските домови. Таа тврди дека постапката за сместување се спроведува регуларно и според однапред утврдени критериуми.
Јаневска посочи дека студентите кои не биле примени не ги исполнувале условите за сместување, додека критериумите за прием биле јавно објавени во огласот.
Според министерката, кандидатите биле запознаени со условите и начинот на бодирање уште пред да ги поднесат своите пријави.
