Запуштениот кеј на река Вардар – од некогашна гордост до денешен срам за скопјани, критикуваат од ЛДП.
ЛДП изразува длабока загриженост за состојбата на кејот на река Вардар, кој некогаш беше симбол на убавината и чистотата на Скопје, а денес претставува срам за сите нас. Некогашното место за прошетки и рекреација на скопјани е запоставено и запуштено.
Кејот на Вардар, кој требаше да биде гордост на главниот град, денес е неискосен и неисчистен, со непристојни количества отпад и диво израсната вегетација. Ова не само што влијае на изгледот на нашиот град, туку претставува и сериозен ризик по здравјето и безбедноста на граѓаните, велат од ЛДП.
ЛДП апелира до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на овој важен јавен простор. Кејот на Вардар заслужува да биде вратен во својата полна слава и повторно да стане место на гордост за сите скопјани.
Повикуваме на одговорност и посветеност од страна на локалните власти во исполнувањето на нивните обврски кон граѓаните, велат од партијата.