Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ги искажа впечатоците по поставувањето на нов НБА рекорд по бројот на поени во кариерата.

Рано утрово Џејмс на натпреварот на домашен терен против Оклахома стигна до 38.390 поени и го надмина поранешниот центар на Лејкерс, Абдул-Џабар (38.387 поени).

-Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Лејкерс. Вие сте единствени и вашата поддршка ме водеше кон ова достигнување. Тоа што можам да бидам во присуство на таква голема легенда како што е Карим ми значи многу. Тоа е многу почесно. Ве молам дајте овации на мојата убава сопруга, ќерка, моите две момчиња, моите пријатели. На сите кои некогаш биле дел од оваа трка со мене во изминатите 20+ години. Сакам да ти се заблагодарам многу, бидејќи без тебе не би бил јас.

НБА, Адам Силвер, покојниот великан Дејвид Стерн, ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од она за што отсекогаш сум сонувал. Такво нешто не можев ни да замислам на сон, го цитира Џејмс ESPN.

Леброн ги постигна своите први поени во НБА на 30 октомври 2003 година. Му требаа 19,5 години да го собори рекордот на Џабар.  (МИА)