-Ние имавме една партиска одлука, кога рековме дека одиме со активна блокада затоа што се потребни предвремени парламентарни избори за спас на Македонија. Деновиве гледам по настанот кој што се случи, немилиот настан со Талат Џафери во кој практично власта си го покажа целото грдо лице спроведувајќи ја агендата на ДУИ и на СДСМ, гледаме дека имаме една пасивна блокада во Собрание. Практично во Собранието немаме никакви активности. И не само што немаме активности туку сите портали со кои што комуницираме Собрание.мк и мејловите кои што ги добиваме од Собрание се целосно замрзнати, така да практично немаме никакви информации за она што се случува во Собрание“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Лефков додаде дека се што рече опозицијата во декември месец пред носење на Буџетот излезе дека е точно. Уште тогаш опозицијата тврдеше дека власта во Буџетот нема предвидено средства за енергетската криза и така излезе.
-Кога зборуваме за ребалансот, ние видовме пред да биде донесен ребалансот како се обиде Димитар Ковачевски да тргне во една офанзива објаснувајќи дека тој ќе крател 100 милиони евра на непродуктивни трошоци од Буџетот. Точно за она кое што зборуваше опозицијата во декември месец пред носење на Буџетот, излезе сега дека е точно. Рековме уште тогаш дека имаат неконзистентно планирање и така излезе. Рековме и дека не планирале соодветно средства за енергетската криза и така излезе. Рековме дека немаат анти инфлаторни мерки и тоа се потврди дека е точно. Рековме дека имаат непродуктивни трошења, а тие истите луѓе излегуваа и не убедуваа дека опозицијата не знае што зборува, дека бил Буџетот ревидиран на начин што немал непродуктивни трошоци. Еве сега неколку месеци подоцна се враќаат во Собрание со скратени непродуктивни трошоци. Зошто не го направи тоа Ковачевски тогаш кога требаше? Зошто не ја послуша тогаш опозицијата, запраша Лефков.
Лефков посочи дека кога се зборува за ребалансот и за Буџетот секогаш има точно определени процеси и процедури кои што влегуваат во Собрание. ВМРО-ДПМНЕ кога ја најави активната блокада како начин на делување, се најави и дека нема да се блокира ниту еден закон кој што е од интерес на граѓаните.
-Денеска Ковачевски се фали со зголемени плати, дека никој не очекувал зголемување на просечна плата, а ако се погледнете податоците од Управата за јавни приходи ќе се воочи дека 90.000 граѓани во Македонија не зеле плата. А, ако земеме во предвид дека не земаат плата оние со најниски примања, ќе видиме дека зголемувањето на платите доаѓа врз основа на тоа, рече Лефков.
Лефков укажа дека не е коректно да се фали власта со номинално зголемување на плати во ситуации кога Македонија се соочува со инфлација. Практично граѓаните осиромашуваат секојдневно.