Не може да очекувате намалување на бројката на заразени, ако нема активна имунизација, изјави Миле Лефков , пратеник во Собранието на Р. М, во емисијата Филибастер на радио Лидер.

Сега сме 5 ти Македонија се уште нема набавено вакцини, сите се тие донација. Иако  Националниот план за вакцинација беше донесен на 5 ти фебруари, а сега ние започнуваме со процесот на имунизација. До пред некој ден имавме 11 000 вакцини кои беа донирани. Сега имаме вакцини за 1, 5% од вкупното население.  Резултатите се огромен број на заболени и целосен крах на економијата, вели тој

Ме контактираа околу 8000 луѓе кои работат на крузери. Ги повикале назад на работа, но им барале да бидат вакцинирани,а вакцини нема. Плус 30 илјади луѓе од угостителскиот сектор од утре нема да одат на рабиота, ќе видите каде тераме во моментот и здраствено и економски, изјави Лефков.