Почитувани, инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на јазикот, идентитетот и историјата, резултира со конвенции од Германија и други земји на ЕУ. Проблемот кој останува е Бугарија. Потребно е покрај земјите членки на ЕУ и Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија. Разликата е јасна. СДС прифати уставни измени по бугарски диктат, ВМРО-ДПМНЕ побара гаранции за Македонија.

Ковачевски наместо да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за национално единство, и да се тргне во остварување на националните интереси, тој игра за Бугарија, колку е полоша ситуација за Македонија, толку подобра за него, тоа е мотото по кое се води премиерот кираџија. Оттука легитимно прашувамe, зошто Ковачевски не сака гаранции за националниот идентитет? Какви се неговите концесии и кон кого? Иако Ковачевски молчи, молкот кај СДС сепак е нејасен.

Една недела растураа пердуви, а сега не смеат да кажат, кој предлог го прифаќаат, па наместо нив зборува ДУИ. ДУИ прави пазар од делење на функции, лицитираат и со неговото место, а и едните и другите забораваат дека тие не одлучуваат ништо, туку народот на избори е оној кој дава и зема. Го развластивме и СДС и ДУИ, народот виде дека тие ништо повеќе не одлучуваат. Се виде дека нема да има уставни измени под бугарски диктат, и дека СДС нема мнозинство, ако имаа одамна ќе ги ставеа во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ ги извади на површина сите, очигледно е веќе дека и СДС и ДУИ се борат само за власт, ниту за ЕУ, ниту за заштита на националните интереси, но ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нив подава рака, за национално единство. СДС да избере еден од двата предлога, за Македонија да тргне напред. Првиот е уставни измени со одложено дејство и преодна влада без ДУИ, а вториот брзи избори, а потоа поддршка од партијата која ќе биде опозиција на влада за барање гаранции и пакети финансиска помош од ЕУ.

Време е Ковачевски и СДС одлучат, Македонија или ДУИ.