За првпат во историјата на плурализмот во Македонија, пратеник е осуден за став искажан од собраниската говорница.
Пресудата за навреда и клевета за став искажан од Собраниска говорница против колегата Бране Петрушевски е противуставна, противзаконска, правно-уникатна дивоградба и преставува дефиниција за авторитарна, односно тоталитарна држава, вели Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Самата пресуда значи дека Македонија наместо демократија гради систем каде што владата односно партиите на власт ги контролираат сите лостови на власта, вклучувајќи го судството, па со помош на сите инструменти јавно покажува дека не толерира никакви опозициски или издвоени гледишта и користи страв и заплашување за да ја остварува својата власт над општеството.

НЕЗАВИСНОСТА НА СОБРАНИЕТО ВО ВРШЕЊЕ НА ЗАКОНОДАВНАТА ВЛАСТ Е ОБЕЗБЕДЕНА ПРЕКУ ИМУНИТЕТОТ НА ПРАТЕНИКОТ.

Согласно со Уставот, пратениците имаат два вида имунитет материјален или суштински имунитет и процедурален имунитет.

Материјалниот имунитет значи дека пратеникот не може да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење или гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела.( З А К О Н ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ Член 16)

Материјалниот имунитет ја гарантира слободата на говорот, на седниците на Собранието или на неговите работни тела. Овој вид имунитет не може-да повторам НЕ МОЖЕ да биде предмет на расправа за одземање!

Процедуралниот имунитет значи неможност пратеникот да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Заедно, овие два вида имунитет ја обезбедуваат слободата на пратеникот во вршењето на пратеничката функција.
Пресудата за навреда и клевета за колегата Бране Петрушевски преставува сериозен преседан.

Предупредуваме дека СО НЕПОЧИТУВАЊЕ НА НЕЗАВИСНОСТА НА СОБРАНИЕТО КОЕ СЕ ТЕМЕЛИ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОР ВО СОБРАНИЕ И СОБРАНИСКИТЕ РАБОТНИ ТЕЛА Македонија повеќе не би можела да се смета за држава која има институции за зачувување на демократското управување.

Со оваа пресуда Македонија директно ги крши, односно не ги исполнува Копенхашките критериуми, со што свесно се откажува од исполнување на условите за функционални и независни институции, за функционална демократија и на сметка на тесно партиските интереси на губитниците од СДС се откажува од сопствената евроинтеграција., додава Лефков.