Лазаров е рекордер според бројот на настапи на Ф4, по седми пат ќе биде дел од турнирот на најдобрите четири. Македонскиот селектор е актуелен рекордер и по број на голови во елитното натпреварување.
Четириесет и едногодишниот Лазаров во „Ланксес Арената” во Келн на Ф4 играше во дресот на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Нант, како и трипати со Барселона.
Во сезоната 2014/15 македонскиот ас стана европски првак, а уште трипати играше финале за европска титула.
Завршниот турнир на Лигата на шампионите сезонава се игра на 12 и 13 јуни во Келн.