Играчот за врска доживеа срцев удар на Европското првенство, па откако едвај му беше спасен животот, вграден му е дефрибрилатор, уред за работа на срцето, но со такво нешто не е дозволено да се игра во Серија А.
„Ако Ериксен го носи тој уред во себе, не може да игра во Серија А. Може да биде дел од калчото само ако му се тргне од срцето“, кажа Браконаро.
Засега не е познато дали Ериксен ќе продолжи со фудбалот, но ако дефибрилаторот му остане, ќе мора да си замине од Интер.