Амбасадорот на Летонија во Украина, Илгварс Клава се врати во Киев, објави на Твитер летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.

Клава се враќа по повеќе од осум недели по почетокот на руската инвазија врз Украина и по заминувањето на руските трупи од главниот град на Украина.

Заедно со многу дипломати од други земји, летонскиот амбасадор и персоналот на Амбасадата го напуштија Киев на почетокот на војната.

Откако привремено се пресели во Лвов во западна Украина, летонската Амбасада повторно ги отвори вратите во Киев на 7 април.

Клава остана во Рига на консултации, но сега повторно ги продолжува своите должности во Киев.

Голем број земји неодамна најавија враќање на дипломатите во Киев.