Тој вчера вечер гостуваше во емисијата „Клик Плус“.

Како што е познато, Лимани е заминик директор на ЕЛЕМ, а пред една недела тој даде оставка од сите позиции во ДУИ, и се промовираше како независен канидат за градоначалник на Кичево.

Притоа, во емисијата, Лимани упати серија обвинувања на сметка на актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. За него вели дека работи нечесно, непрофесионално и е причина за заминување на младите од Кичево во странство. Според него, има корупција во Општина Кичево.

Внукот на Али Ахмети има сериозни забелешки за новото раководство на ДУИ, обвинувајќи го дека работат за соединување на СДСМ, односно ДУИ и СДСМ да станат едно.

„Не можам да кажам со сигурност дека Ахмети работи за спојување на ДУИ со СДСМ, но со неговите политики и постапки последните неколку месеци станува јасно дека Ахмети работи во таа насока. Затоа сум револтиран. Затоа има многу други членови на ДУИ кои се против ова спојување. Мислам на Муса Џафери, Изет Меџити, Садула Дураку, Блерим Беџети и други. Овие луѓе се против моменталните политики на ДУИ и против именувањата на функционерите на ДУИ во Влада, затоа што ниту еден од нив ги нема поминато партиските филтри“, рече Лимани.