Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа потпиша историски закон според кој линчувањето во САД се смета за злосторнички чин што ќе се гони на федерално ниво.
Со потпишувањето на Закон против линчување „Емет Тил“, за првпат во историјата на САД линчувањето станува државен криминален чин, а новиот закон доаѓа по повеќе од 200 обиди во Конгресот да се поднесе и усвои федерален закон против линчување.
Непостоењето на овој закон досега овозможи мнозинство од извршителите да останат неказнети. Станува збор за речиси 6.500 документирани случаи на расистички терор на линчување извршени во периодот меѓу 1865 и 1950 година.
Според новиот закон, злостор во кој резултат е смрт или тешки телесни повреди како последица на заговор да се изврши криминал заснован на омраза може кривично да се гони како линчување.
Осудениот извршител ќе се соочи со 30 години затворска казна.
Законот е именуван во чест на Емет Тил, 14-годишно афроамериканско момче чие брутално мачење и убиство во 1955 година во Мисисипи го поттикна граѓанското движење во САД за борба за повеќе права за афромериканците.