Легендарната американска скијачка Линдзи Вон сè уште има сериозни проблеми со опоравувањето по тешкиот пад на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Повеќе од пет месеци по несреќата, таа откри дека сè уште има потешкотии со движењето и дека закрепнувањето се одвива многу побавно од очекуваното.

Во интервју за магазинот „People“, 41-годишната Вон призна дека сè уште се соочува со последици од повредата и дека нејзиното враќање во нормала е многу потешко отколку што предвидувала.

„Мојот скочен зглоб сè уште е скршен и тоа ме загрижува“, изјави Вон.

Нејзините бројни обожаватели очекуваа побрзо закрепнување, но американската скијачка посочува дека процесот сè уште не е завршен. Дополнителен предизвик претставуваат и повредите со кои се соочувала во текот на долгогодишната кариера, а кои дополнително го забавуваат опоравувањето.

Во еден период по падот, Вон се движела во инвалидска количка, а потоа користела штаки за помош при движењето. Таа откри дека повторното одење без помагала било исклучително емотивен момент за неа.

Како дел од рехабилитацијата, Вон започнала и со тренинзи во теретана, со цел постепено да ја врати физичката подготвеност.

Американката неодамна беше меѓу специјалните гости на финалето на Светското првенство, кое во неделата се одржа во Њујорк.