Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа средба и прес-конференција со неговиот чешки колега Јан Липавски, кој е во официјална посета на земјава. На средбата беше истакната континуираната поддршка од Чешка Република за патот на земјава кон Европската Унија, а беа потврдени и зајакнатите билатерални односи, како и економската соработка.
-Важен аспект на дешената посета е секако процесот на прошивање на ЕУ и драго ми е што после првата меѓувладина конференција започнаа преговите за пристапување на Северна Македонија во јули минатата година под наше претседавање со ЕУ. Се надевам земјата ќе продолжи со реформите и ќе ги донесе уставните измени. Го уверив мојот колега дека може да смета на континуирана чешка поддршка на патот кон ЕУ, нагласи Липавски на прес-конференцијата, по средбата со Османи.
Тој потенцираше дека Македонија е пријател и НАТО сојузник на Чешка и оти се се усогласува со заедничката надворешна и безбедносна политика, како што се цени и се забележува во сите извештаи.
-Очекуваме Македонија да стане дел од ЕУ во меѓувреме и натаму ќе нудиме наша помош и соработка на тој пат, истакна Липавски.
Министерот за надворешни работи на Чешка посочи дека како знак на одличните односи меѓу Република Чешка и Македонија денес во Скопје се и претседавачот на Комисијата за европски прашања и Комисијата за надворешни работи од нивниот Парламент.
Липавски упати покана до Османи за присуство на форумот на ОБСЕ за животна средина кој традиционално се одржува во септември во Прага.
Османи, по средбата посочи дека тој и неговиот чешки колега разговарале за билатералните односи што забележуваат нагорен тренд, надминувајќи 250 милиони евра трговска размена во 2022 година.
-Го информирав министерот за нашиот економски советник што е задолжен за земјите на Вишеградската група и очекувам да ги зајакнеме економските односи меѓу двете земји, не само од аспект на трговската размена туку и преку искористување на можните чешки директни инвестиции, рече Османи.
Министерот за надворешни работи, во својство на претседавач на ОБСЕ, на средбата ја отворил и темата за сериозното нарушување на европската безбедносна архитектура потикната од воената агресија на Русија врз Украина.
– Го претставив нашиот највисок приоритет како претседавач, а тоа е да запре натамошното човечко страдање, да ја ставиме во функција организацијата со теренските мисии за да ги ублажиме последиците од војната, но и да спречиме нови кризи и да обезбедиме поддршка за ранливите региони, следејќи го слоганот на нашето претседавање, а тој гласи „за луѓето се работи“, нагласи Османи.
Тој осврнувајќи се на билатералниот скриниг, на прес-конференцијата посочи дека според прелиминарните информации, земјата и институциите покажуваат високо ниво на подготвеност за спроведување на тој процес, што, како што истакна, се должи на силната политичка волја во Македонија, се разбира и долгогодишното искуство коешто имаме.
Во однос на последните случувања со Бугарија, односно создадените тензии меѓу двете земји, Османи порача да се прекине тој циклус на на влошенилоши односи и да се вратиме на позитивната агенда со цел продолжување таму каде што застанавме.