Вечерва на плоштадот „Магнолија“ се одржа четвртиот по ред протест на дел од битолските пензионери, кои бараат линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари и определување минимална пензија од 18.000 денари, пренесува Tera.mk.

На протестот беа отфрлени ставовите и предлозите на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за она што го преземаат како министерство и како Влада за подобрување на стандардот на пензионерите, од процентот на зголемување на пензии до помошта која им се дава на најранливите категории на пензионери.

Категорично отфрлаат 6 проценти зголемување на пензиите од септември, а вечерва беше критикувана и одлуката со која платите на функционерите беа зголемени за 78 проценти.

Беше побарана оставка од Тренчевска, а рекоа дека секој вторник во Битола ќе протестираат.