Противпожарниот воз и екипите на македонските Железници го локализираа и ставија под контрола пожарот на пругата кај скопското село Дељадровци, на коридорот десет.
-Од пожарот се оштетени 400 прагови кои ќе бидат променети во најбрз рок. Се става уште еден државен ресурс во справување со пожарите, изјави за МИА Хари Локвенец, директор на Железници и инфраструктура.
Противпожарниот воз и дежурната екипа остануваат на терен, за да се спречи повторно активирање на пожарот.