Локализаран е пожарот кој утринава избувна во Универзална сала во Скопје, објави градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

Во моментов екипите на противпожарната бригада го гаснат и пожарот е локализиран. Не постои опасност по другите објекти во близината. Според првичните информации немало никој во зградата. Апелирам граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата. Исто така апелирам да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации што е причината за пожарот, напиша Герасимовски.