Препораката ќе се однесува на веќе вакцинирани лица со ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи, рак или други болести. Одобрување за третата доза ќе даде Федералната администрација за лекови, изјави тој за Ен -Би -Си.
Фаучи додаде дека одлуката за третата доза за другите вакцинирани ќе биде донесена откако ќе се испита колку долго трае имунитетот. Тој додаде дека засега нема потреба од дополнителни дози за луѓе кои немаат ослабен имунолошки систем.