На средбата со активисти од регионот Витебск, Лукашенко истакна дека ситуацијата во светот постојано се влошува, дека има конфронтација меѓу геополитичките играчи, додека пандемијата на коронавирусот ја влоши целата ситуација, пренесуваат руските медиуми.

Лукашенко ги повика локалните претставници да го спречат повторувањето на настаните од 2020 година.

„Ниту една војна во минатото не не’ одмина, нема ниту сега. Не дај Боже да дојде до тоа. Затоа мојата задача е да ја спасам државата и народот од војна“, се наведува во изјавата на Лукашенко  што е цитирана од неговата прес-служба.

Белорускиот претседател на средбата додаде дека треба да се посвети посебно внимание на прашањата за територијалната одбрана.