Љутков во Слоештица: Состојбата во спомен-собата на Андреевски е стабилна и сочувана
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја посети спомен-собата на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски во неговото родно село Слоештица. Тој истакна дека состојбата е многу подобра од претставеното во јавноста – предметите се сочувани, условите се добри, а ракописите се безбедно чуваат во МАНУ.
Наследството ќе остане во Слоештица
„Нашата обврска и заложба е да го чуваме, негуваме и гордо да го пренесуваме наследството на Андреевски на идните генерации“, порача Љутков. Во разговор со градоначалникот Никола Најдовски, било договорено поставката да остане во Слоештица, засега под надлежност на здружение на граѓани, со можност во иднина да премине под ингеренции на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, за институционална грижа и достојна презентација на неговото дело.
Посети во Демир Хисар и регионот
За време на престојот, министерот и градоначалникот разговарале и за понатамошен развој на културниот живот во Демир Хисар. Тие ја посетија Библиотеката „Петре М. Андреевски“ во Домот на културата „Илинден“ и на манифестацијата „Денови на Смилевскиот конгрес“. Програмата беше заокружена со посета на приватната библиотека „Ал-Би“ во селото Бабино и Слепчевскиот манастир – места кои сведочат за богатата културна и духовна традиција на овој регион.
Погледнете ја целата објава од Љутков во Слоештица. Министерот објави и фотогалерија.