– Весли е многу добро маче кога станува збор за дарувањето крв. Преде цело време… Па, ќе погледне накај кучето и го бара кога е исплашено. Се грижи и за нашата помала мачка, вели Менди.

Иако постои одредено соперништво меѓу нив, Весли и Спок сепак се многу блиски.

Мачката досега десетпати дарувала крв, а кучето – пет пати. Пред процедурата, секогаш се прави преглед за тоа дали животните можат да даруваат крв, а сѐ зависи и од нивниот темперамент. Инаку, кучињата закрепнуваат побрзо од мачките по дарување крв.