Како што јави, пак, дописникот на МИА од Белград, во Врање е можна вакцинација за граѓаните на Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечка лична карта – пасош или лична карта, јави РТС.

Според српскиот јавен сервис, на вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства. Пред два дена РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. До завчера во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Република Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.

Според официјалната веб страница за вакцинација досега во земјава бројот на вакцинирани изнесува 245.413, а интерес за вакцинирање пројавиле 440 213 граѓани.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, а на починати е 5.455.