-20 000 граѓани преку матичните лекари ќе добијат термини во кој пункт и во кое време да се јават за вакцинација. Компанијата Фајзер конечно го потврди договорот . Изминатата недела голем број пациенти побараа болничка заштита. По консултација со директорите на здравствените домови направивме реорганизација и сега имаме дополнителни слободни 100 кревети. Во Прилеп и Битола се уште не се појави потреба од ставање во функција на модуларните кревети. Голем притисок има во Куманово, рече Филипче и наггласи дека се лажни вести тврдењата дека министри се вакцинираат преку ред.

-Ниту еден министер во Владата не е вакциниран. Тоа го тврдам, и жал ми е што покрај со пандемијата, мораме да се бориме и со лажните вести на ВМРО ДПМНЕ.

Што се однесува на ревакцинацијата на граѓаните кои ја примија првата доза од вакцината во Србија, Филипче рече дека истите ќе се ревакцинираат за три месеци, но во Македонија.

-Нашиот експертски тим ја превзема препораката од Астра зенека и ревакцинацијата ќе биде за три месеци. Стапив во контакт со српскиот министер Лончар за да ми даде податоци за наши граѓани кои се вакцинирале таму и истите ревакцината ќе ја примат тука. Ставот на стручниот тим е дека нема контраиндикации од вакцината на Астра зенека, за било која воздраст. Јас лично нема да се вакцинирам сега, чекам да стигнат поголем број вакцини, а кога ќе се вакцинирам тоа ќе биде со Астра Зенека за за да покажам дека нема простор за паника, нагласува Филипче.