Топлотниот бран го прави своето, огнените стихии направија моментално да има три активни пожари во Македонија. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека во текот на денешниот ден се регистрирани 12 пожари на отворено, а 3 од нив се сериозни: Свети Николе, Дојран, Сопотница (Демирхисарско).
Ангелов вели дека проблем им прави силниот ветер, па така можно е да стигне до викенд куќи, конкретно за пожарот во Свети Николе.
За пожарот во Дојран, Ангелов вели дека пред 30 минути почнало повеќе да гори и во опасност е висока шума.
Попладево трет силен пожар изби кај село Сопотница, Демирхисарско, информираат од ЦУК.
Поради опасност пожарот да навлезе во високо квалитетна шума упатен е Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.