– Нашите две земји ги поврзува добра економска и политичка соработка. Сепак, најдобар мост меѓу двете земји се луѓето кои се многу поврзани и секојдневно комуницираат. Наша задача како политичари е да направиме сè што можеме да го олесниме нивниот живот. Денешната посета и потпишувањето на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети, најдобро говорат дека водиме политики со кои го олеснуваме пристапот до правда и ги поедноставуваме судските процедури за граѓаните на двете земји, истакна Маричиќ.

Со Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се дозволи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете земји, со цел брз одговор од институциите без претходно да е задолжително процедурите да минуваат преку министерствата за правда.

Министерот Маричиќ, придружуван од заменик-министерот Агим Нухиу, претходно во Приштина остварија билатерална средба со косовска министерка за правда Хаџиу, на која се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа правосудство и правдата, но и за реформите кои Македонија и Косово ги спроведуваат со цел зацврстување на правната држава и владеењето на правото.