Македонија ќе ја претстави својата визија на ЕКСПО 2027 во Белград, заедно со 118 други држави
Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем ЕКСПО 2027 во Белград, објави компанијата организатор.
Нашата држава е една од 119-те земји кои ќе ја претстават својата визија за главната тема на ЕКСПО 2027 – „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“. Настанот ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година.
Според соопштението за медиумите на компанијата ЕКСПО 2027. Македонија е препознаена како едно од последните засолништа со недопрен природен сјај и автентичност.