На отворањето на нашата Амбасада во Братислава ќе присуствуваат шефот на дипломатијата Османи и неговиот словачки колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок.
Македонија отвора амбасада во Братислава
М
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Словачка по повод официјалното отворање на Амбасадата на земјава во Братислава, со што ќе биде официјализирано нашето дипломатско претставување во оваа пријателска држава, соопшти МНР.