Историски успех во привлекување на инвестиции
Вицепремиерот Александар Николоски денеска од Охрид изјави дека историски Македонија надминала 1 милијарда евра во директни странски инвестиции. Тој е деицден дека очекува трендот на раст да продолжи и во тековната година.
„Со гордост можам да истакнам, врз основа на податоците од Заводот за статистика, дека минатата година ќе биде рекордна во однос на привлекувањето странски инвестиции. За првпат во историјата на Македонија ќе надминеме 1 милијарда евра, а оваа година очекувам истиот позитивен тренд да продолжи. Ова не подразбира само нови инвеститори, туку и проширување на капацитетите на постојните компании, како што е примерот со компанијата Костал. Ова е процес што Владата активно ќе го поддржува,“ истакна Николоски.
Поддршка за домашните компании и нови работни места
Говорејќи на глобалниот настан за добавувачи што се одржува во Охрид во рамките на Групацијата Костал, вицепремиерот нагласи дека многу домашни компании ќе имаат можност да се вклучат во ланецот на добавување, што ќе придонесе за нивен раст и развој.
„Ова е одлична можност за домашните мали и средни компании да станат дел од ланецот на добавување, што ќе резултира со проширување на нивните капацитети, отворање нови работни места и општ економски напредок,“ изјави Николоски.
Ваквите пораки за историски раст стигнаа во рамки на глобалниот настан за добавувачи што се организира во Охрид во рамки на Групацијата Костал. Повеќе може да погледнете во продолжение: