Македонија со најниска инфлација во регионот во третиот квартал од 2026.
Просечната годишна стапка на инфлација во третиот квартал од 2026 година (јули–септември) покажува дека Македонија има најниско ниво меѓу земјите во регионот.
Според податоците од националните статистички заводи, Евростат и Trading Economics, инфлацијата во Македонија изнесувала 2,5 отсто.
Зад Македонија следат Србија со 2,7 отсто, Словенија со 3,1 отсто и Албанија со 3,2 отсто. Грција забележала 4,1 отсто, Хрватска 4,3 отсто, а Црна Гора 4,5 отсто. Босна и Херцеговина и Бугарија се на ниво од 5,0 и 5,1 отсто, соодветно.
Повисоки стапки се регистрирани во Романија (7,0 отсто) и Косово (7,2 отсто). Далеку највисока инфлација во групата земји има Турција – 31,0 отсто.
Податоците се однесуваат на просечната годишна стапка на инфлација мерена преку индексот на потрошувачките цени (CPI) за периодот јули–септември 2026 година. Македонија е издвоена со црвена боја на графиконот како земја со најниска стапка во регионот.
Извор: Национални статистички заводи, Eurostat, Trading Economics.
