Безбедносна ситуација во Македонија е стабилна. Ова беше потврдено на конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Седницата се одржа под претседавање на националниот координатор Павле Трајанов.
На седницата, која е прва по назначување на новиот состав, се разговарало за активностите и приоритетите на комитетот. Во него се обединети 22 институции и активно се соработува со Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ и многу други меѓународни организации и амбасади.
Габриела Јаковлева, директорка на Агенцијата за разузнавање, ги информираше присутните за актуелната безбедносна состојба. Посебен акцент беше ставено на превенцијата на радикализацијата и насилниот екстремизам.
Трајанов: Државата моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам
Се дискутираше и за пост-пеналниот третман на повратниците од конфликтни зони како Сирија и Ирак.
Особено значајна беше и информацијата од Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, кој нагласи важноста на вклученоста на граѓанскиот сектор во превенцијата на радикализацијата и тероризмот.
Со оценка дека заканата од терористички напади во Македонија е на ниско ниво, Националниот комитет дефинираше приоритети и активности за следниот период, со цел уште посилно спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот во државата.
Извор: Курир