Најсилната фудбалска репрезентација на Македонија назадуваше за три позиции и сега е 68 светска сила во светот, промена која е резултат на Африканскиот куп на нации и Азискиот куп.

Токму африканската селекција Гана е едно место пред нас, додека Обединетите Арапски Емирати се зад нас на 69-та позиција.

Македонија во моментов брои 1362 поени и нема да стекне нови и во наредните 30 дена, период по кој е закажан првиот тест период за избраниците на Благоја Милевски во 2024-та година.

Фудбалската Федерација на Македонија успеа да закаже два тест натпревари за месец март, а тоа се оние против Молдавија на 22-ри и против Црна Гора три дена подоцна.

Кога е во прашање првата десетка на ФИФА листата, овој месец очекувано нема никаква промена, па така на врвот е Аргентина, по што следуваат Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.

Извор: Дерби