„Засекогаш во срцата“-е насловот на традиционалниот концерт кој по шести пат НУ Центар за култура во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола го организира во чест на Тоше Проески.

Од НУ Камерен оркестар на Битола информираат дека годинава ќе се одржат два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс.

По традиција, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, ќе земат учество и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман.

На 16-ти февруари, на два концерти, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен оркестар на Битола.