41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“.
Повредите на Македонката, како што стои во написите биле толку тешки што искрварила до смрт.
Постариот 16-годишне син на жртвата ја алармирал полицијата.
Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена.
Полицајците кои пристигнале на местото на настанот ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката но таа починала.
Во исто време, полицијата започнала голема потера а сомнежот паднал врз сопругот на жртвата, нејзиниот 47-маж исто така од Македонија. Набргу потоа, осомничениот итно ја повикал полицијата и кажал дека побегнал во соседниот град Гелзенкирхен.
Подоцна без отпор дозволил да биде уапсен.
Се уште не е јасен мотивот за страшното злосторство, велат од германската полиција.
Детективите бараат индиции за злосторството. Според информациите на „Билд“, мајката наводно била убиена со неколку убоди. Децата се згрижени и се со други членови на семејството.